17.8 C
Skopje

Британски доктори: Децата од 12 до 15 години засега треба да примат една доза вакцина

- Advertisement -

Британски доктори: Децата од 12 до 15 години засега треба да примат една доза вакцина

Главните британски медицински советници препорачаа децата на возраст од 12 до 15 години да ја примат првата доза на вакцина против Ковид-19, наведувајќи ја како причина полесната реализација на учебната година.

Препораката на ЦМО го отвора патот за почеток на вакцинација на деца на таа возраст во Велика Британија, откако Заедничкиот одбор за вакцинација и имунизација (ЈЦВИ) претходно овој месец не сакаше да го советува тоа.

Лекарите од ЦМО сметаат дека вакцинирањето на децата ќе го олесни одржувањето на настава во училиштата.

Затоа, во интерес на јавното здравје, препорачуваме министрите да ја прошират понудата за вакцинација со прва доза на Фајзер/Бионтек на сите деца и млади на возраст од 12 до 15 години, кои моментално не се опфатени со препораката на ЈЦВИ“, велат советниците.

Британската влада мора формално да одговори дали ќе ја послуша препораката, иако дел од министрите и претходно ја поддржуваа вакцинацијата на млади, а по собирање на прелиминарни податоци ќе се донесе одлука и за втора доза.

Веќе може да се вакцинираат деца од ранливи категории.

САД, Израел и некои европски земји веќе започнаа со вакцинација на помладите генерации, вршејќи ѝ притисок на британската влада да го стори истото.

- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -

ТОП Вести

Родителите на момче родено во Лахолм во северна Шведска поднеле до Даночната управа барање за плаќање такса за крштевање на детето, кое им било...
Британката неколку пати ги одбила барањата на својот љубовник Родни, но кога тој ја запросил на сцената во клубот, пред сите, таа не можела...
На дневно ниво излегуваат милијарди песни. Не оставаат тргаи бидејќи се бркаат пари и слава. Ништо не било порано така. Ај сеа еве на...
Први во Европа: Оваа земја воведува задолжителна Ковид-пропусница за сите работници Сите работници во Италија во јавниот и приватниот сектор ќе мораат задолжително да поседуваат...

Актуелно

Разговор со градоначалникот на Берово г. Звонко Пекевски МУАБЕТИ: Сите знаеме дека и Берово е едно од опожарените подрачја, што беше зафатено од бранот во...
Угостителите да ги почитуваат новите протоколи за да се заштити јавното здравје, а со почитувањето на овие мерки, ќе се избегне носењето на порестриктивни...
Во Македонија вчера пристигна конвојот помош од Словенија за гаснењето на пожарите. Тимот за заштита од пожари од Словенија е составен од 45 лица, команда,...
Претседателот на македонскиот полициски синдикат д-р Марјан Кицев се пофали на фејсбук дека на МПС Кавадарци им е доделен фрижидер на користење. Почитувани денес...

Најчитани вести

Пандемијата со кopoнавиpycoт ќе заврши следната пролет, тврди претседателот на Здружението на лекари во Германија, Андреас Гасен. Според него, оние кои не се вaкцинирани, голема...
Врисоци, лелеци за помош, пламени јазици кои многу брзо се заканувале и навестувале дека се ќе изгори до темел. Буквално пет минути имале време,...
-Тешко ми паѓа, вели Лиде Лиде најголемата обожавателка на министерот Венко Филипче, давајќи му поддршка и порака да издржи и да не се предава,...
Во Тетово денеска беше одржан граѓански марш од градскиот плоштад до изгорената модуларна болница во знак на почит кон 14-те луѓе кои ги загубија...