27.8 C
Skopje

ВИДЕО: Потресно сведоштво на Ивана – ќерка на преживеан во пожарот во Тетово

- Advertisement -

Врисоци, лелеци за помош, пламени јазици кои многу брзо се заканувале и навестувале дека се ќе изгори до темел. Буквално пет минути имале време, тие што успеале да се спасат во синоќешниот страотен пожар,во кој изгоре модуларната болница во Тетово. Потресно сведоштво на ќерка на преживеан во трагедијата. Ивана за Алфа ги раскажува неколкуте минути кои цел живот ќе ги памети.

-Извика некој, прво мислевме дека е смртен случај, потоа слушнавме „пожар, пожар“. Ги затворивме вратите од ходникот, отворивме прозорците и почнавме да ги кршиме. Едвај ги префрлиме преку прозорецот. На тие што не им требаше толку кислородна поддршка издржаа, на тие што им беше потреба веднаш се онесвестија. Јас бев последната што излезе од собрата на татко ми. Другите што останаа, што немаа придружба мислам дека починаа. Немаше време ни пожарникарите да реагираат, многу брзо беше, две минути. Имаше луѓе што подаваа раце што помагаа, вели Ивана.

Според досегашните официјални информации, во пожарот се загинати 14 лица. Причините се уште не се познати,се претпоставува дека пожарот избувнал како последица на електричната инсталација. Увидот траеше до пладне, а постојано дежура и противпожарна екипа. И пожарникарите сведочат за големата трагедија. Три возила и цела дежурна екипа гаснеле и се обидувале да евакуираат што повеќе пациенти.

Во Тетово е прогласена тридневна жалост, а општината ќе додели и финансиска помош на семејствата на загинатите во пожарот. Преживеаните во трагедијата згрижени се во ковид центарот на интерното одделение и се во стабилна состојба. Јавноста бара одговори, но и одговорност,а засега како што дознава Алфа,оставка дал само економскиот директор на болницата.

- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -

ТОП Вести

Први фотографии од хаосот во Љубљана: Луѓето бегале во паника кога одекнале истрелите, три лица се ранети Повредените се итно пренесени во болница, а полицијата...
Почитувани учесници на трибината „Патот до независноста“, На почетокот сакам да ја изразам мојата благодарност за вашето учество на оваа дискусија со која ќе создадеме...
Во Македонија вчеравечер пристигнаа вкупно 51.480 „Фајзер-Бионтек“ вакцини, донација од соседна Република Бугарија. По пристигнувањето, 30.000 дози беа веднаш дистрибуирани до вакциналните пунктови низ земјата. Министерството...
Општина Пробиштип потпиша договор со економскиот оператор БВ Инженеринг од Битола за рехабилитација на дел од улица „Илинденска“ и изградба на осветлување. Во моментот се...

Актуелно

Разговор со градоначалникот на Берово г. Звонко Пекевски МУАБЕТИ: Сите знаеме дека и Берово е едно од опожарените подрачја, што беше зафатено од бранот во...
Угостителите да ги почитуваат новите протоколи за да се заштити јавното здравје, а со почитувањето на овие мерки, ќе се избегне носењето на порестриктивни...
Во Македонија вчера пристигна конвојот помош од Словенија за гаснењето на пожарите. Тимот за заштита од пожари од Словенија е составен од 45 лица, команда,...
Претседателот на македонскиот полициски синдикат д-р Марјан Кицев се пофали на фејсбук дека на МПС Кавадарци им е доделен фрижидер на користење. Почитувани денес...

Најчитани вести

Пандемијата со кopoнавиpycoт ќе заврши следната пролет, тврди претседателот на Здружението на лекари во Германија, Андреас Гасен. Според него, оние кои не се вaкцинирани, голема...
Американката Паола Јурис (33) од Њу Хемпшир откри на социјалните мрежи дека посетувала часови по танц три месеци пред нејзиниот сопруг Денис да дознае...
-Тешко ми паѓа, вели Лиде Лиде најголемата обожавателка на министерот Венко Филипче, давајќи му поддршка и порака да издржи и да не се предава,...
Во Тетово денеска беше одржан граѓански марш од градскиот плоштад до изгорената модуларна болница во знак на почит кон 14-те луѓе кои ги загубија...