2.8 C
Skopje

Вучиќ со ШАХ-МАТ за Бугарите

- Advertisement -

Српскиот претседател, за многумина „диктатор“ Александар Вучиќ кој долги години меѓу многумина важи за човек кој сака да има контрола над се во Србија, покрај тоа што се погрижи за да се покаже како вистински и достоен лидер на својата земја за време на пандемија, изминатиов период покажува вистински лидершип на Балканот и покажува како треба да се поддржува соседот во тешки времиња.

За жал нашите браќа од Бугарија не ја разбраа пораката од страна на македонскиот државен врв, не ја разбраа храброста или што би рекол еден наш екс премиер кој долги години водеше борба за подобрување на македонско-бугарско односите и на своја штета, револуцијата која Зоран Заев ја покрена во нашето општество кое долги години наназад беше труено со антибугарска пропаганда. Е сега, за жал, таа антибугарска пропаганда е потркепена односно поддржана од самите бугарски владини функционери и претставници на државниот врв во Бугарија. Тие како да заборавија колку години бевме оддалечени едни од други, како да заборавија што се се правеше во минатото за да постои нетрпеливост и омраза меѓу двете земји односно народи. Наместо да подадат рака, како што се чинеше дека ќе сторат по затоплувањето на односите и по потпишувањето на историскиот договор за добрососедство, тие се впуштија во една „политичка„ игра од која нема назад. По своја волја од пријателот се трудат да создадат непријател, да всадата непотребна омраза која ниту бугарскиот народ не ја сака.

А верувајте, не ја сака! Бугарскиот народ сака мир, европска иднина и вистински братски односи со нас. За тоа доволно говори фактот што најголемите противници на отварањето на преговорите со ЕУ беа оние кои не влегоа во Парламент односно кои целата својата политичка кампања ја сведоа на тоа дека „Макеоднија е Бугарска“. Токму тие не ја добија довербата од бугарските граѓани и од Парламент завршија на улица. Дека бугарскиот народ сака мир и љубов меѓу двата народи, спокој и пријателство говори доволно и фактот што пред да започне пандемијата источна Македонија беше полна со бугари, кои заедно со нас македонците се веселеа и играа ора во македонски кафеани, пеејќи и играјќи македонски и бугарски песни или заеднички песни. За тоа доволно говори и фактот што ние од источна Македонија постојано сакавме да заминеме на журче во Благоевград или Софија, да се спријателиме со некои луѓе од таму кои ќе бидат наши пријатели и на кои секогаш ќе можеме да им се обратиме за кафе-муабет кога ќе заминеме во Бугарија.

За жал, повторно ќе кажам, за жал оваа наша братска, пријателска атмосфера ја срушија политичарите. Дел од Македонија, дел од Бугарија. Ако порано вината ја баравме во Груевски, неговата антибугарска пропаганда, денес слободно вината можеме да ја побараме кај нашите соседи од Бугарија. Не од народот, ами од оние кои лапаат високи плати од народот. Оние кои треба да не водат кон светла иднина, а не кон мрачно минато. Знаете, кога денес еден млад македонец или млад бугарин ќе ја напушти државата и ќе замине во Германија, Шведска или Америка за подобар живот, нему не го интересира што е тоа што се случувало пред 300, 400, 1000 години. Него го интересира иднината, економијата, образованието, здравството, сето она кое што недостасува овде во Македонија, Бугарија и на Балканот.

Токму затоа, почитувани политичари – памет во глава, не го трујте народот со омраза! Создадете ЕВРОПСКО ПРИЈАТЕЛСТВО, разберете го зборот ЕВРОПСКА ВРЕДНОСТ во вистинска смисла на зборот!

- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -

ТОП Вести

Гевгелија, нема да дозволиме никој да ѝ го украде европскиот дух и да ја врати во времето на барокот, некаде во минато време. Гевгелија,...
Со најновата одлука на италијанските власти, Република Северна Македонија се преместува од листа Д во листа Е, со што не е дозволено туристичко патување...
Ако случајно се заплеткавте во мрежа од пајак не се грижете, тоа не е лош знак… Топлото и убавото време од Петковден до Митровден (Од...
На 31 октомври треба да го потврдиме напредокот, Демир Капија и сите други општини да продолжат напред, да не ризикуваме да скршнеме од патот...

Актуелно

Доктор Сара Готфрид открива како правилната исхрана (базирана на нашите хормони) може да им помогне на жените да ослабат засекогаш. Новата стратегија за губење...
МУАБЕТИ.МК - 24 седум часа во денот, седум дена во неделата Најнови информации Премиерот Зоран Заев денеска оцени дека растот на цените, кој што...
Муабети.мк - 24 часа во денот, седум дена во неделата Најнови информации Прочитајте повеќе Владата на Република Северна Македонија, денеска, 21.09.2021 година (вторник), со почеток во...
Првата генерација милијардери не е вклучена во оваа листа, а нагласено е дека листата не е конечна, бидејќи има семејства чие богатство е распространето...

Најчитани вести

Кандидатот за градоначалник на Куманово од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски на социјалните мрежи ги обвини своите сопартијци дека наместо за него, на локалните избори работеле...
Програма на неработни денови за 2022 година Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2022 година...
Доаѓаме во различни форми и големини и без разлика како изгледа нашето тело, треба да го сакаме. Сите наши облини, несовршености и лузни ги...
Не може општините да ги делат граѓаните, да имате политики кои ќе не скараат со соседите и да се залагаат за барок, вели премиерот...