17.8 C
Skopje

Го чекаме ли Годо

- Advertisement -

Безвременската драма на Самјуел Бекет “Во очекување на Годо“ беше омилената литература (и драма) на мојата генерација кога се говореше за бесмислата на животот, но се говореше интелектуалистички, со сериозни филозофски и теолошки намекнувања во толкувањето на текстот. Некои од нас патуваа дури до Белград, за да гледаат различни постави на драмата, најчесто споменувана во изведба на екипи кои гостуваа во познатиот белградски театар “Атеље 212“. Треба да се каже дека повеќето од нас, тогаш па и сега, не ја доразбраа философската и етичката порака на делото, но тоа не пречеше да ја осознаеме бесмисленоста на очекувањето дека “нешто ќе се случи“, притоа не преземајќи ништо за да тоа и се случи…така некако.

Најактуелната политичка позиција на Македонија во овој момент се нашите односи со Бугарија. Затоа и се присеќавам на драмата со “чекакањето на Годо“. Сега не сме само двајца, како актерите Владимир (Диди) и Естрагон (Гого) во драмата, кои го чекаат Годо, онака распарталавени, несмасни и нечисти, со неков цилиндер кој треба да наговестува за нивното величие. Овде се работи за цел еден народ кој учествува во драмолетка со неизвесен крај. Ако во драмата има само едно дете кое во две утра ја носи пораката дека “треба да го чекате Годо, тој ќе дојде“, овде неименуваното дете е претставено од цела сурија политичари, аналитичари, новинари и раскажувачи, кои секојдневно не опсипуваат со годоовскиот израз, “чекајте, ќе дојде“. А што чекаме…многу нешта.

Чекаме СДСМ на крајот на март да направи редовен конгрес, потоа чекаме во април да има избори во Бугарија и сегашната влада да падне, или Каракачанов да умре, чекаме да се одржи вонреден конгрес на ВМРО ДПМНЕ за да падне Христијан Мицкоски или да се одржи редовниот конгрес таму некаде во длабоката есен за Мицковски да опстои на политичката сцена…само треба да чекаме, а ништо да не работиме.

Ниту еден конгрес овде и никакви избори во Бугарија нема да променат ништо. Позициите се јасни и чисти, нема никакви недоразбирања нити околу македонскиот јазик, нити околу длабочините на македонската историја и минато. Сето тоа е решено, онака како што беше решено и во односите со Грција, но некои сакаа да се прават паметни и бескрајно да седат на државничките фотељи, за на крајот на најмизерен и покајнички начин да се потпише Преспанскиот договор. Со него се завршија и дилемите за македонскиот идентитет, неговите корени и длабочини, како и за името и јазикот за кои ниште никој и никогаш не ни пречел.

Одамна го познавам Каракачанов и секогаш сме се разбирале околу моите македонистички позиции за целовитоста на македонската државност, правото на сопствен јазик и идентитет. Слободно можам да речам дека поголемиот дел од македонските бугари, мислам на оние политички профилирани, семејно припаѓаат на михајловистичкото крило на ВМРО каде што вистинска светост било опстојувањето на македонската држава, онаа која ни остана по распадот на Југославија, како и можноста, во државно-правна смисла да се нарекуваме македонци и да говориме македонски јазик. Но само толку.

Ние етнички сме бугари, припаѓаме на бугарското племе, говориме јазик кој е форма на бугарскиот и направен уште пред повеќето од нас да биле родени, некаде во далечната 1944 година, во некој од Бога заборавен манастир, каде сега и не можеме да појдеме на елементарна визита.

Тоа треба да биде прифатено без болка, без роптаење, ами со полна свест за инженерингот кој е направен врз некои од новите поколенија на македонците. Ако во оваа Македонија на сите народи им е дозволено да се определат како сакаат, албанци, турци, бошнаци, роми, срби, египтјани и други, ако им е дозволено да се дистанцираат од поимот “македонски“ во македонистичката смисла на зборот, зошто тогаш нам да ни се кажува дека цар Самуил бил “македонски цар кој ја покорил Бугарија“, а за нашите предци да се говори како за татари, цигани и слично. Да, некои велат дека тие биле и фашисти, но тоа е тема за друга расправа.

Државата и државните раководители треба да работат на развивањето на демократските односи, почитување на минатото и подготвеност за иднината. Ако само чекаме “нешто да се случи“ ќе останеме изгубени во вечното очекување, налик на оние парталковци од Бекетовиот свет..тие се и парталковци по дух, без оглед на нивните знаења.

Нашите безцелни конгреси ќе дојдат и пројдат, изборите во Бугарија исто така ќе пројдат. Не е важно кој ќе биде во новата влада, а нема нито дилеми како таа нова влада ќе се однесува кон Македонија. Сликовито кажано, Каракачанов нема да падне, нема да умре дури и ако биде убиен или му падне авионот. Понекогаш си помислувам, познавајќи го, дека тој тоа и го посакува. Тој, сакале или не, ќе остане вечниот лидер на ВМРО БНД и министер на одбраната кој сериозно го начнал македонскиот Гордиев јазол. Не се надевајте, Екатерина Захариева може да нема да биде пак министер за надворешни работи на Бугарија (во што лично се сомневам, ама ајде, нека ви биде), но нејзиниот дух уште со генерации бугарски политичари ќе се подвизува низ ходниците на бугарското надворешно министерство. Таа го запали пламенот на правдината за историската меморија на една група македонци-македонски граѓани кои се идентификуваат со своите бугарски предци, и тој пламен нема да угасне.

Бесцелно е група парталковци да го чекаат Годо, нема да има нов Бекет за тоа да го опише. Треба да се пристапи кон разрешување на проблемите кои се видливи за целиот свет. Нема надеж во Европа, Трамп си замина, а и Баједн ќе си замине, зарем ние ќе останеме како во анализата на драмат од еден за мене непознат српски автор дека ние сме како оние кои

“свет око себе скоро и да не примећују. Потпуно им је свеједно шта се око њих дешава, ко долази или пролази, постаје или нестаје или можда остаје крај њих. Они седе и чекају нешто или некога, неку појаву заправо, за коју чак и нису сигурни да ли уопште постоји или је производ њихове маште, поткрепљене монотоношћу свакодневног једноличног животарења…остају да чекају све док не дочекају, а можда и после јер, питање је да ли би уопште били свесни да су дочекали оно што су чекали, зато што ни сами не знају да ли би регистровали и запамтили икакву промену у свом једноличном, испразном животу.

Сака ли некој овде и ние да бидеме такви…

Автор: Владимир Перев

- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -

ТОП Вести

Дали Дурловски го "потценува" Јанчев? Познатиот оперски пејач Игор Дурловски кој важи во јавноста за еден од предводниците на "За заедничка Македонија" денеска сподели фотографија,...
Дури и сега многу од градовите на подрачјето на САД имаат голем проблем со поплавите кои настануваат поради високата плима, но експертите од NASA...
Поради сообраќајна несреќа, затворен е за сообраќај дел од магистралниот пат Кичево – Гостивар, соопшти АМСМ во вонреден извештај за состојба на патиштата. Сообраќајот е...
Во текот на вчерашниот ден, уапсен е 37-годишен жител на Ѓорче Петров откако било констатирано дека врши кражба на струја. „На 16.07.2021 во 14.30 часот...

Актуелно

Претседателот на македонскиот полициски синдикат д-р Марјан Кицев се пофали на фејсбук дека на МПС Кавадарци им е доделен фрижидер на користење. Почитувани денес...
Адвокатот на Јордан Камчев, Еленко Миланов по завршувањето на судењето за случајот „Плацови на Водно“ вели дека наводните трансакции кои ги направил обвинетиот Камчев...
Двократниот европски првак, Вардар и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Раководството на македонскиот ракометен великан обезбеди еден милион евра, потребни како...
Според пресметките, просечната нето плата во јуни покрива околу 82 отсто од трошоците на четиричлено семејство. Синдикалната минимална кошница за јуни годинава изнесува 34.212...

Најчитани вести

Сара Аврамова како што и е вистинското име и презиме или devojkata_od_pehcevo како што се претставува и е потпишана на својот Инстаграм профил е...
Утринава Комисијата за заштита на населението од заразни болести по разгледувањето на моменталната епидемиолошка состојба одлучи дека нема да има воведување на дополнителни рестриктивни...
Ситуацијата во северозападна Германија, во областите кои беа сериозно погодени од невремето - сè уште е крајно опасна и алармантна. Властите генерално се воздржани...
Судот донесе одлука да ги ослободи од обвинение поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и шестмина припадници на поранешната единица „Алфа“ поради немање јасни...