3.8 C
Skopje

Зад завеси кои кријат тајни, кои треба да се изненадување нема некој кој ќе дочека среќа

- Advertisement -

Актуелна вчера беше изјавата на премиерот Заев и најавата дека ДУИ во сабота ќе ни каже нешто многу важно кое како што вели премиерот било многу модерно и соодветно за 21 век.

Замислете, Ахмети ќе ни соопштел нешто со кое што интегративците како што се нарекуваат, ќе предизвикале веројатно пријатно чувство ако судиме според насмевката на премиерот Заев.

И дури да се тргне завесата зад која мислат дека некој очекува дека ќе следуваат аплаузи, ние уште имаме недоволен број на вакцинирани граѓани, скршена економија, уништени бизниси и изгубени работни места. Зад завесата нема луѓе кои чекаат да им биде соопштено нешто на кое што ќе аплаудираат. Таму се наоѓаат оние кои останаа а кои чекаат реформи, квалитетно здравство, образование, преговори со ЕУ, план за спас од оваа корона-криза со која ги изгубивме своите работни места. Таму има луѓе кои чекаат одговор – кој е ефектот од промената на името на државата и дали тоа го промени нашиот живот на подобро?

Во 2021 година се чувствувам како да политичарите живеат во 2010 година кога еден друг лидер на една друга владејачка партија залута со мислите дека тој е нашиот херој, спасител, а всушност беше човек кој избрка илјадници луѓе од државата. Се надевам и овој пат да грешам но кога ги гледам насмеани во Влада оние кои до вчера се плукаа, а сега се најблиски соработници кои глумат дека носат модерни одлуки како што велат, кои доликуваат на времето во кое живееме во 21 век, се повеќе сум убеден дека имаме copy paste само во друга форма на она на кое што бевме навикнати. А верувајте, навикнати сме. Затоа и молчиме. Народов се измори за нови револуции. Барем засега!

- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -

ТОП Вести

На 31 октомври треба да го потврдиме напредокот, Демир Капија и сите други општини да продолжат напред, да не ризикуваме да скршнеме од патот...
Ако во системот за електронски увид во избирачкиот список на Бугарија се внесе матичниот број на бугарската лична карта за која СДСМ тврди дека...
На децата треба да им се дозволи да ја истражуваат храната, но стручните лица предупредуваат дека има намирници кои треба да се избегнуваат додека...
Откако „Спанкс“ беше проценета на 1,2 милијарда долари (бидејќи инвестициската фирма „Блекстоун“ го купи мнозинскиот удел во компанијата), основачката на брендот одлучи да го...

Актуелно

Доктор Сара Готфрид открива како правилната исхрана (базирана на нашите хормони) може да им помогне на жените да ослабат засекогаш. Новата стратегија за губење...
МУАБЕТИ.МК - 24 седум часа во денот, седум дена во неделата Најнови информации Премиерот Зоран Заев денеска оцени дека растот на цените, кој што...
Муабети.мк - 24 часа во денот, седум дена во неделата Најнови информации Прочитајте повеќе Владата на Република Северна Македонија, денеска, 21.09.2021 година (вторник), со почеток во...
Првата генерација милијардери не е вклучена во оваа листа, а нагласено е дека листата не е конечна, бидејќи има семејства чие богатство е распространето...

Најчитани вести

Кандидатот за градоначалник на Куманово од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски на социјалните мрежи ги обвини своите сопартијци дека наместо за него, на локалните избори работеле...
Програма на неработни денови за 2022 година Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2022 година...
Оливер Илиевски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Куманово, не гледа инцидент во случајот со сопирањето на возилото на неговиот противкандидат и довчерашен сопартиец...
Доаѓаме во различни форми и големини и без разлика како изгледа нашето тело, треба да го сакаме. Сите наши облини, несовршености и лузни ги...