2.8 C
Skopje

Каде отиде државата?

- Advertisement -

Имавме земја со предиспозиции за да бидеме Швајцарија на Балканот, дојдовме до степен да молиме за милостиња од Бугарија, Грција, Србија. Дојдовме до таму да веќе се ни е нормално. Беше ОК да добиеме вето од Грција, беше ОК да добиеме промена на име, беше ОК да потпишеме договор со Бугарија, беше ОК да добиеме блокада од Бугарија.

Создадовме терен да ни прават што сакаат. Кај нас има толку многу голема шареноликост на партии кои цело време се борат за ЕУ и зборот „европски вредности“ не го вадат од уста. Не се знае кој е лев, кој е десен, кој е центар, кој е „десна левица“, а кој е „лева десница“.

Пече тоа што некој мисли дека народов е слеп, глув и ништо не разбира. Ние гледаме буквално СЕ и ако навлеземе подлабоко во тоа што ни се случува, ќе разбереме дека ова не е вака од сега. Ние сме одамна поделени. Можеби не на лист хартија, но сме поделени на секакви основи. Во Скопје имате една македонска, и една албанска страна. Се знае кој каде е газда. Се знае кои се навивачи на Вардар, кои на Шкендија. Имаме толку разноликост, а толку сме сите исти. Сите копнееме по подобар живот без разлика на нашата вера, нација, етникум, боја на кожа.

Сите копнееме, а само едни подобро живеат – политичарите! Обичниот народ се испокара многу повеќе од она што беше испокаран, добивме уште поголема недоверба во институциите. Информацијата од политичарите веќе ја примаме како збор на некој кој што не вреди, но сепак го примаме и го прифаќаме само поради тоа што сме зависни токму од нив. Дали за работно место, дали за подобра плата, дали за да не го изгубиме работното место итн итн..

Никој нас ниту не прашувал, ниту ќе не прашувал… но прашањето е дали го знаеме одговорот на прашањето – каде отиде државата?

Пишува: Антонио Димов

- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -

ТОП Вести

Гевгелија, нема да дозволиме никој да ѝ го украде европскиот дух и да ја врати во времето на барокот, некаде во минато време. Гевгелија,...
Со најновата одлука на италијанските власти, Република Северна Македонија се преместува од листа Д во листа Е, со што не е дозволено туристичко патување...
Ако случајно се заплеткавте во мрежа од пајак не се грижете, тоа не е лош знак… Топлото и убавото време од Петковден до Митровден (Од...
На 31 октомври треба да го потврдиме напредокот, Демир Капија и сите други општини да продолжат напред, да не ризикуваме да скршнеме од патот...

Актуелно

Доктор Сара Готфрид открива како правилната исхрана (базирана на нашите хормони) може да им помогне на жените да ослабат засекогаш. Новата стратегија за губење...
МУАБЕТИ.МК - 24 седум часа во денот, седум дена во неделата Најнови информации Премиерот Зоран Заев денеска оцени дека растот на цените, кој што...
Муабети.мк - 24 часа во денот, седум дена во неделата Најнови информации Прочитајте повеќе Владата на Република Северна Македонија, денеска, 21.09.2021 година (вторник), со почеток во...
Првата генерација милијардери не е вклучена во оваа листа, а нагласено е дека листата не е конечна, бидејќи има семејства чие богатство е распространето...

Најчитани вести

Кандидатот за градоначалник на Куманово од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски на социјалните мрежи ги обвини своите сопартијци дека наместо за него, на локалните избори работеле...
Програма на неработни денови за 2022 година Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2022 година...
Доаѓаме во различни форми и големини и без разлика како изгледа нашето тело, треба да го сакаме. Сите наши облини, несовршености и лузни ги...
Не може општините да ги делат граѓаните, да имате политики кои ќе не скараат со соседите и да се залагаат за барок, вели премиерот...