14.8 C
Skopje

Корона кризата ги наполни со пари приватните лаборатории и болници: Колкави приходи остварија Биотек, Авицена, Синлаб, Жан Митрев и Систина во 2020 година?

- Advertisement -

Епидемијата на коронавирусот им донесе шанса за остварување на огромни приходи и добивки на приватните лаборатории и болници.

Со оглед на преоптовареноста на државните болници и здравствени установи во кои со недели се чекаше за тестирање на коронавирус, граѓаните во страв од здравствената криза плаќаа голема сума на пари за приватни тестирања во лаборатории кои ги даваа резултатите уште истиот ден.

Порталот „Pari.com.mk“ открива колку заработија приватните лаборатории и болници од корона кризата, повикувајќи се на податоци од платформата на „biznismreza.mk“.

Предмет на ваквата анализа се трите приватни дијагностички лаборатории – Авицена, Биотек и Синлаб, како и приватните клиники Жан Митрев и Аџибадем Систина.

Удвоени вкупните приходи на приватните лаборатории

Во споредба со 2018 и 2019 година, во 2020 година се забележува удвојување на вкупните приходи на лабораториите, пренесува „Pari.com.mk“.

Имено, ако вкупните приходи на сите три компании во 2018 година изнесувале 4,2 милиони евра, во 2019 таквата сума се искачила на ниво од 4,6 милиони евра, за во 2020 година да се генерираат вкупни приходи од 9,8 милиони евра.

Најголем успех минатата година е евидентиран кај компанијата Авицена, која успеала да оствари најголем приход во конкуренцијата. Порастот во апсолутна бројка изнесува 2,3 милиони евра, споредбено 2019 со 2020 година, додека процентуалниот пораст на приходи изнесува 105 отсто.

Втората по успех лабораторија, Биотек, го бележи најголемиот процентуален пораст на приходи во 2020 година од неверојатни 435 отсто. Апсолутните бројки покажуваат дека Биотек за една година успеа да ја надмине Синлаб и да го надомести јазот кој постоеше помеѓу овие две компании во однос на вкупниот приход.

Во 2019 година Синлаб имаше 1,3 милиони евра поголеми приходи од Биотек, но Ковид-19 беше иницијалната каписла за во 2020 година работите сосема да се променат. Минатата година Биотек ги надмина приходите на Синлаб за 325 илјади евра, иако и Синлаб генерираше пораст од 32 отсто.

Жан Митрев со 2,2 милиони евра поголема заработка од Систина
И покрај тоа што во 2020 година клиниката Жан Митрев има пониски приходи (27,7 милиони евра), во однос на Аџибадем Систина (41 милион евра), сепак остварената добивка е далеку повисока, пренесува „Pari.com.mk“.

Имено, во 2020 година Жан Митрев евидентира добивка во износ од 8,1 милиони евра, што е за 2,2 милиони евра повисока добивка од Аџибадем Систина која остварила профит од 5,9 милиони евра.

Целиот текст прочитајте го на pari.com.mk

- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -

ТОП Вести

Дали Дурловски го "потценува" Јанчев? Познатиот оперски пејач Игор Дурловски кој важи во јавноста за еден од предводниците на "За заедничка Македонија" денеска сподели фотографија,...
Дури и сега многу од градовите на подрачјето на САД имаат голем проблем со поплавите кои настануваат поради високата плима, но експертите од NASA...
Поради сообраќајна несреќа, затворен е за сообраќај дел од магистралниот пат Кичево – Гостивар, соопшти АМСМ во вонреден извештај за состојба на патиштата. Сообраќајот е...
Во текот на вчерашниот ден, уапсен е 37-годишен жител на Ѓорче Петров откако било констатирано дека врши кражба на струја. „На 16.07.2021 во 14.30 часот...

Актуелно

Претседателот на македонскиот полициски синдикат д-р Марјан Кицев се пофали на фејсбук дека на МПС Кавадарци им е доделен фрижидер на користење. Почитувани денес...
Адвокатот на Јордан Камчев, Еленко Миланов по завршувањето на судењето за случајот „Плацови на Водно“ вели дека наводните трансакции кои ги направил обвинетиот Камчев...
Двократниот европски првак, Вардар и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Раководството на македонскиот ракометен великан обезбеди еден милион евра, потребни како...
Според пресметките, просечната нето плата во јуни покрива околу 82 отсто од трошоците на четиричлено семејство. Синдикалната минимална кошница за јуни годинава изнесува 34.212...

Најчитани вести

Сара Аврамова како што и е вистинското име и презиме или devojkata_od_pehcevo како што се претставува и е потпишана на својот Инстаграм профил е...
Утринава Комисијата за заштита на населението од заразни болести по разгледувањето на моменталната епидемиолошка состојба одлучи дека нема да има воведување на дополнителни рестриктивни...
Ситуацијата во северозападна Германија, во областите кои беа сериозно погодени од невремето - сè уште е крајно опасна и алармантна. Властите генерално се воздржани...
Судот донесе одлука да ги ослободи од обвинение поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и шестмина припадници на поранешната единица „Алфа“ поради немање јасни...