23.8 C
Skopje

Крај на сезоната на Миконос: Новите рестрикции предвреме го завршија летото во Грција

- Advertisement -

Од вчера нема музика и журки на славниот грчки остров Миконос, откако стапија на сила новите правила за ограничување на ширењето на KОBИД-19. Тоа ги натера туристите да ги откажат годишните одмори и ги оставија празни сопствениците на вилите, дуќаните и рестораните.

Туризмот е една петтина од грчката економија и на земјата и е очајно потребна силна сезона оваа година по падот на бројот на посетители и приходите во 2020 година

Миконос е една од најпопуларните дестинации, привлекувајќи повеќе од милион посетители секое лето, меѓу нив холивудски sвезди, модели и светски познати спортисти.

„Тие одлучуваат да ја уништат економијата на островот во најкритичното време од годината“, рече Ираклис Зисимопулос, шеф на здружението на сопственици на деловни субјекти, кој поседува два хотели, два ресторани и четири барови на островот.

„Се надеваме дека брзо ќе го сменат своето мислење“, рече Зисимопулос, додавајќи дека веќе имал околу 30-40 откажувања на хотелки аранжмани.

Властите соопштија дека биле принудени да воведат еднонеделен полициски час и забрана за музика во саботата по „загрижувачката“ локална епидемија.

Според правилата, музиката е забранета во ресторани, кафулиња и клубови и само на оние кои одат и од работа или во болница им е дозволено да се движат од 1 до 6 часот наутро.

Во раните утрински часови на неделата, баровите и клубовите беа затворени, а тесните калдрми и улици на островот каде обично има голем број млади луѓе – беа темни и празни.

„Џабе потрошив пари, време, а земав слободни денови од работа. Чао Миконос”, рече Дина, посетител од Саудиска Арабија за Ројтерс.

„Нашиот одмор е уништен“, рече Камила Пирс, од Велика Британија.

Други изјавиле дека планираат да го поминат својот одмор на блиските острови.

„Дојдов да го славам мојот роденден и нема музика, така што нема и прослава”, рече Хесус Марино, шпански турист. „Вратете ја музиката, ве молам, ве молам, ве молам, додава тој.

Но, инфекциите со коронавирус растат во Грција во последните неколку недели, принудувајќи ја владата да наложи вакцинација на здравствените работници и вработените во старечките домови. Само вакцинирани клиенти можат да јадат во затворени простории во ресторани и клубови.

- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -

ТОП Вести

Родителите на момче родено во Лахолм во северна Шведска поднеле до Даночната управа барање за плаќање такса за крштевање на детето, кое им било...
Британката неколку пати ги одбила барањата на својот љубовник Родни, но кога тој ја запросил на сцената во клубот, пред сите, таа не можела...
На дневно ниво излегуваат милијарди песни. Не оставаат тргаи бидејќи се бркаат пари и слава. Ништо не било порано така. Ај сеа еве на...
Први во Европа: Оваа земја воведува задолжителна Ковид-пропусница за сите работници Сите работници во Италија во јавниот и приватниот сектор ќе мораат задолжително да поседуваат...

Актуелно

Разговор со градоначалникот на Берово г. Звонко Пекевски МУАБЕТИ: Сите знаеме дека и Берово е едно од опожарените подрачја, што беше зафатено од бранот во...
Угостителите да ги почитуваат новите протоколи за да се заштити јавното здравје, а со почитувањето на овие мерки, ќе се избегне носењето на порестриктивни...
Во Македонија вчера пристигна конвојот помош од Словенија за гаснењето на пожарите. Тимот за заштита од пожари од Словенија е составен од 45 лица, команда,...
Претседателот на македонскиот полициски синдикат д-р Марјан Кицев се пофали на фејсбук дека на МПС Кавадарци им е доделен фрижидер на користење. Почитувани денес...

Најчитани вести

Пандемијата со кopoнавиpycoт ќе заврши следната пролет, тврди претседателот на Здружението на лекари во Германија, Андреас Гасен. Според него, оние кои не се вaкцинирани, голема...
Истрагата на терен заврши. Од наодите на местото на настанот, Јавното обвинителство соопштува дека работи на расветлување на причината за пожарот. Извори на Алсат...
Врисоци, лелеци за помош, пламени јазици кои многу брзо се заканувале и навестувале дека се ќе изгори до темел. Буквално пет минути имале време,...
Во Тетово денеска беше одржан граѓански марш од градскиот плоштад до изгорената модуларна болница во знак на почит кон 14-те луѓе кои ги загубија...