27.8 C
Skopje

МВР откри меѓународен канал за швepц: 3апленета дрога од неколку илјади евра

- Advertisement -

Полицијата пресече меѓународен канал за трговија со дpoгa од Aлбанија преку Mакедонија со крајна дестинација Грција. Во акцијата се уaпceни пет лица од Гевгелија, Валандово и Струга, од кои двајца поранешни вработени во МВР, запленета е дpoгa маpиxуана во вредност од околу 150.000 евра.

Од МВР велат дека од минатиот месец почнале истрага за групата инволвирана во меѓународниот транспорт на марихуаната, чиј организатор е 50 годишен маж од Гевгелија. Полицијата ја спровела акцијата вчера, откако претходно добила информации дека од 19 јули се подготвува пренос на поголема количина на марихуана.

– На 22.07.2021, И.К. (37) од Гевгелија, З.Б. (52) од с. Грчиште, Валандово и Д.С. (27) од с. Марвинци со возило „опел вектра“ со гевгелиски таблички се упатиле кон с. Јанковец-Ресен, каде оствариле средба со Д.Д. (38) од с. Ливата, Струга, кој пристигнал со возило „опел вектра“ со ресенски таблички, а со кое Д.Д. ја донел и претходно обезбедената марихуана. Тоа возило било преземено од Д.С. и тој се упатил од с.Јанковец во правец на Градско, а И.К. и З.Б. со возилото со гевгелиски таблички се движеле пред него во улога на чистачи, наведуваат од МВР. По преземени мерки и активности, на 22.07.2021 околу 16:35 часот двете возила се запрени од полициски службеници од ОКП, ОСОСК и ОСПО-САЕ Тигар, при што во возилото што го управувал Д.С., во багажниот простор биле пронајдени три торби со 54 пакувања марихуана, која според првичните проценки има пазарна вредност од околу 150.000 евра, по што сите се лишени од слобода. – изјави Тони Ангеловски портпарол на МВР.

Дополнително, биле направени и повеќе претреси на подрачје на Гевгелија, Валандово и Струга. Кај еден од осомничените пронајдени СЕ и одземени две ловечки пушки, пиштол и муниција за кои немал дозволи. За активностите на полицијата известено е и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, до каде МВР ќе поднесе и кривична пријава.

Извор: 24.мк

- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -

ТОП Вести

Први фотографии од хаосот во Љубљана: Луѓето бегале во паника кога одекнале истрелите, три лица се ранети Повредените се итно пренесени во болница, а полицијата...
Почитувани учесници на трибината „Патот до независноста“, На почетокот сакам да ја изразам мојата благодарност за вашето учество на оваа дискусија со која ќе создадеме...
Во Македонија вчеравечер пристигнаа вкупно 51.480 „Фајзер-Бионтек“ вакцини, донација од соседна Република Бугарија. По пристигнувањето, 30.000 дози беа веднаш дистрибуирани до вакциналните пунктови низ земјата. Министерството...
Општина Пробиштип потпиша договор со економскиот оператор БВ Инженеринг од Битола за рехабилитација на дел од улица „Илинденска“ и изградба на осветлување. Во моментот се...

Актуелно

Разговор со градоначалникот на Берово г. Звонко Пекевски МУАБЕТИ: Сите знаеме дека и Берово е едно од опожарените подрачја, што беше зафатено од бранот во...
Угостителите да ги почитуваат новите протоколи за да се заштити јавното здравје, а со почитувањето на овие мерки, ќе се избегне носењето на порестриктивни...
Во Македонија вчера пристигна конвојот помош од Словенија за гаснењето на пожарите. Тимот за заштита од пожари од Словенија е составен од 45 лица, команда,...
Претседателот на македонскиот полициски синдикат д-р Марјан Кицев се пофали на фејсбук дека на МПС Кавадарци им е доделен фрижидер на користење. Почитувани денес...

Најчитани вести

Пандемијата со кopoнавиpycoт ќе заврши следната пролет, тврди претседателот на Здружението на лекари во Германија, Андреас Гасен. Според него, оние кои не се вaкцинирани, голема...
Американката Паола Јурис (33) од Њу Хемпшир откри на социјалните мрежи дека посетувала часови по танц три месеци пред нејзиниот сопруг Денис да дознае...
-Тешко ми паѓа, вели Лиде Лиде најголемата обожавателка на министерот Венко Филипче, давајќи му поддршка и порака да издржи и да не се предава,...
Во Тетово денеска беше одржан граѓански марш од градскиот плоштад до изгорената модуларна болница во знак на почит кон 14-те луѓе кои ги загубија...