21.8 C
Skopje

Муабет со Звонко Пекевски: Врз основа на кои проекти градоначалникот ќе бара повторно доверба?

- Advertisement -

Разговор со градоначалникот на Берово г. Звонко Пекевски

МУАБЕТИ: Сите знаеме дека и Берово е едно од опожарените подрачја, што беше зафатено од бранот во целата држава. Како Берово се справи со пожарите и дали Територијалната противпожарна единица располага со доволно ресурси за справување со пожари?

Благодарение на поддршката од Словенија и Австрија, како и сите кој што дојдоа од повеќе градови од Република Северна Македонија и ангажманот на месното население, а со оглед на големата површина, која беше опфатена со пожарите, сметаме дека се спречени поголеми катастрофи и многу е важно во целата ситуација што нема жртви, другото се надевам со силен ангажман ќе се надомести во следните неколку години. Тука мора да напоменам дека изгоре голема површина на високостеблеста борова шума и сигурно ќе се согласите со мене дека една територијална противпожарна единица не би можела сама да се справи со пожари од ваков тип. Сепак изминатиот период, после долги години општина Берово, заедно со општина Пехчево, со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка, вложи многу за унапредување на процесот и работата на ТППЕ и во опрема за пожарникарите и во современа опрема за локализирање на пожари и мониторинг, но најмногу во возила и се разбира и во моментот е во тек набавка на уште едно повеќенаменско возило, кое покрај модул за гаснење на шумски пожари, ќе има и модул за справување со снежни наноси. Исто така мора да напоменам дека за едно вакво справување со пожари од поголеми размери, мора да се работи многу за да се унапреди самиот процес од самиот почеток на настанување на пожарот, до утврдување на причините, реагирање на терен па се до расчистување , а тоа треба да се направи системски и да опфати обука на пожарникарите од секој можен аспект, за што веќе сме во
преговори со словенските пожарникари.

МУАБЕТИ: Започна изградбата на примарна и секундарна водоводна мрежа на Беровско Езеро. Што тоа за Берово ќе значи?

Започнуваат активностите за изградбата на секундарна и примарна мрежа во туристичка населба Беровско Езеро, долгоочекуван проект за сопствениците на викендици, но и за граѓаните гостите и туристите. Најповолниот економски оператор е воведен во градба и започнува со реализација проект за „Реконструкција на водоводна линија, дел од секундарна водоводна мрежа и поврзување на нов резервоар со примарна водоводна мрежа во туристичка населба Беровско езеро, во општина Берово“. Истиот ќе понуди решавање на долгогодишниот проблем со водоснабдувањето во туристичката наслеба Беровско Езеро, а ќе се изгради помеѓу веќе постоечките резервоари и ќе се покрие преостанатиот дел од населбата и домаќинства со што во значителна мера, ќе ги подобрат условите за развој на туризмот. Низ целата мрежа, се предвидени воздушни и испусни вентили, сместени во посебни шахти или се комбинирани. Во проектот се предвидени и подземни против пожарни хидранти. Проектот е истакнат како еден од најголемите приоритети и на средбите со граѓани и невладини организации, кои што Градоначалникот Пекевски ги оствари во процесот пред креирање на Буџетот за 2021 година и посебно е истакнат како приоритет преку ,,Здружението на туристички работници и сопственици на викенд ќуќи на Беровско Езеро”.

Средствата во износ од околу 7.100.000,00 , се обезбедени од Европска инвестициона банка и Владата на РСМ, а целокупната постапка е спроведена преку Министерството за транспорт и врски.

МУАБЕТИ: Исто така потпишан е договор за изградба на патеки и осветлување на Беровско Eзеро, кој исто така се однесува на збогатување на туристичката понуда

Потпишавме договор со Биро за регионален развој, за финансирање на проекти за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за проектот ,,Подобрување на можноста за развој на спортско рекреативниот и езерскиот туризам во источно планскиот регион- Беровско езеро”.

Проектот ќе се реализира преку Бирото за регионален развој, преку повикот за финансирање на проекти, за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2021 година, по одделните мерки и актиности за рамномерен регионален развој. Проектот ќе обезбеди осветлување на дел од регионален пат, ул.,,2” и ул.,,3” во должина од 1718 метри, во туристичката населба ,,Беровско езеро”, со енергетски ефикасни, лед светилки, на канделабри со висина од 9 метри, на регионалниот пат и изградба на патеки околу езерото.

Целта на проектот е зголемување на туристичката понуда, со изградба и проширување на инфраструктурата во туристичка населба ,,Беровско езеро”, создавање на услови за поинтензивен развој и подобрување на квалитеот на живот на граѓаните и услугите на посетителите, односно туристите. За реализацијата на овој проект, преку Бирото за регионален развој, обезбедени се вкупно 4.000.000,00 денари.

МУАБЕТИ: Отворена е третата ламела од Дом за стари лица, што тоа значи за жителните на Општина Берово но и на регионот?

Во рамките на проектот за доградба и реконструкција на дом на стари лица „Д-р Иван Влашки“ во Берово, со средства од Буџетот на општина Берово, Министерството за локална самоуправа, Швајцарската Агенција за развој и соработка инвестирани се вкупно околу 12 милиони денари за реконструкција и внатрешно уредување на третата ламела од дом на стари лица „Д-р Иван Влашки“ и доопремување од страна на Министерство за
труд и социјална политика, . во вредност од 1. 328.491,00 денари. Со тоа се обезбедени 10 нови легла за корисниците, односно вкупно 39 стари лица во Домот, како и вработени се 7 нови лица, реконструирана зграда со површина од 180 м2, обезбедени 5 нови соби и 10 нови легла или домот стана реномирана установа, со вкупно 20 соби и 39 легла, со што преминуваме во втора категорија установи над 35 корисници.

Исто така во рамките на социјална заштита од неодамна започна и да се имплементира проект ,, Возврати со љубов, грижа и почит” , финансиран со средства до Светска Банка, преку МТСП, проект кој ќе понуди нега и грижа на стари лица во домашни услови , односно 60 стари лица, ќе добијат нега и грижа во своите домови од вкупно 20 негователи, за што особено радува фактот дека во овој проект повеќе се опфатени старите лица од населените места, со цел да добијат услуги кои им се недостапни или пак помалку достапни.

МУАБЕТИ. Реализиран проект од прекугранична соработка Бугарија Македонија, преку кој е реконструиран Кејот на река Брегалница – неколку зборови за ова?

Кејот на река Брегалница, во Берово, блесна со сиот свој сјај, одново изграден, со заштитна ограда, целосно осветлен и го врати сјајот на најпосетеното место, каде што беровчани, од најмал до најстар, бележат голем број спомени. Изградена е пешачка патека и заштитна ограда покрај река Брегалница, санирани се кејските ѕидови и осветлен е потегот од поранешниот хотел Македонија, до спојот со
мостот на ул. ,,Велко Влаховиќ”.

Градежните работи се дел од имплементацијата на проектот ,,Заштита на жителите, долж две реки;, кој Општина Берово го спроведува во партнерство со Општина Струмјани од Република Бугатрија, финансиран од Програмата ИНТЕРРЕГ, прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија. Вредноста на договорот изнесува 172.072,00 евра.

МУАБЕТИ: Преку проект ,, Штип и Берово заедно за подобрување на условите на ромската заедница;, ќе се подобрува квалитетот на живот на жителите Роми, од водовод, канализација, струја, легализација, изградба на мали улици, до рекострукција на куќи на неколку семејства. Што ова ќе значи за граѓаните од ромска националност?

Преку заеднички проект општиините Берово и Штип, во соработка со Здружение за одджлив развој- Зелен Институт од Скопје,заеднички ќе работат на подобрување на условите за живот на ромската заедница, кој финансиски е поддржан од Европска Унија, преку Делегација на ЕУ во Скопје, во согласност со акциската програма за инклузија – ИПА 2 од 2019 година. Овој проект ќе биде имплементиран во период од 36 месеци (3 години), почнувајќи од оваа година. Вкупниот грант е во вредност од 895.400,00 евра, во кој 799.950,00 се средства од ЕУ, а општините Штип и Берово ќе учествуваат со сопствени средства во износ од 95.450,00 евра. Во рамките на проектот за Берово, предвидени се следниве активности

Донесување на ДУП и ГУП во износ од 15 хектари во ромската населба; Легализација на бесправно изградени куќи во сопственост на ромски семејства (25 кои имаат поднесено барање и 15 кои немаат поднесено барање за легализација); Рехабилитација и реконструкција на 15 куќи на ромски смејества кои живеат во несоодветни и штетни услови;

Подобрување на инфраструктурата во ромската населба: Реконструкција на 250 м фекална канализација, поплочување на мали улици во износ од 70 до 100 м, приклучување на вода на 7 семејства кои не се приклучени, приклучување на струја на 5 семејства кои немаат пристап до електрична енергија, обезбедување на 7 контејнери и 120 индивидуални канти за отпад кои ќе бидат поделени во ромската населба Притоа, за подобрување на условите за домување на ромската заедница во општина Берово, ќе биде инвестиран износ од 173.000,00 евра.

- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -

ТОП Вести

Родителите на момче родено во Лахолм во северна Шведска поднеле до Даночната управа барање за плаќање такса за крштевање на детето, кое им било...
Британката неколку пати ги одбила барањата на својот љубовник Родни, но кога тој ја запросил на сцената во клубот, пред сите, таа не можела...
На дневно ниво излегуваат милијарди песни. Не оставаат тргаи бидејќи се бркаат пари и слава. Ништо не било порано така. Ај сеа еве на...
Први во Европа: Оваа земја воведува задолжителна Ковид-пропусница за сите работници Сите работници во Италија во јавниот и приватниот сектор ќе мораат задолжително да поседуваат...

Актуелно

Разговор со градоначалникот на Берово г. Звонко Пекевски МУАБЕТИ: Сите знаеме дека и Берово е едно од опожарените подрачја, што беше зафатено од бранот во...
Угостителите да ги почитуваат новите протоколи за да се заштити јавното здравје, а со почитувањето на овие мерки, ќе се избегне носењето на порестриктивни...
Во Македонија вчера пристигна конвојот помош од Словенија за гаснењето на пожарите. Тимот за заштита од пожари од Словенија е составен од 45 лица, команда,...
Претседателот на македонскиот полициски синдикат д-р Марјан Кицев се пофали на фејсбук дека на МПС Кавадарци им е доделен фрижидер на користење. Почитувани денес...

Најчитани вести

Пандемијата со кopoнавиpycoт ќе заврши следната пролет, тврди претседателот на Здружението на лекари во Германија, Андреас Гасен. Според него, оние кои не се вaкцинирани, голема...
Истрагата на терен заврши. Од наодите на местото на настанот, Јавното обвинителство соопштува дека работи на расветлување на причината за пожарот. Извори на Алсат...
Врисоци, лелеци за помош, пламени јазици кои многу брзо се заканувале и навестувале дека се ќе изгори до темел. Буквално пет минути имале време,...
Во Тетово денеска беше одржан граѓански марш од градскиот плоштад до изгорената модуларна болница во знак на почит кон 14-те луѓе кои ги загубија...