2.8 C
Skopje

Постара британка запознала 30- годишен љубовник: Отишла до Гана поради него а после вечавката тој и го скршил срцето

- Advertisement -

Британката неколку пати ги одбила барањата на својот љубовник Родни, но кога тој ја запросил на сцената во клубот, пред сите, таа не можела да каже не. Откако се преселиле во Англија, сè тргна надолу …

Бер Хејнинг, 68, уживала во ‘магичен’ секс и жешка романса со својот африкански љубовник, а сега ги предупредува другите жени за нејзината мака. Имено, таа целата животна заштеда од околу 20 илјади евра ја потроши на него.

Се запознале на социјалните мрежи, а таа вели дека паднала ’на неговите секси пораки.

– Требаше да знам подобро. Порано се смеев на жени кои паѓаа на убави момци од странство и размислував колку се лесни и глупави. Сега сум една од нив – рече таа.

Таа имала 63 години кога го запознала Родни, кој работел како пејач во Акра, Гана, каде што водела добротворна организација која им помагала на сиропиталиштата.

Тие се поврзале преку љубовта кон пеењето, а во тоа време Родни работел како продуцент со познати имиња на музичката сцена во Гана. Тоа пријателство дошло во идеално време за Бет, која била осамена откако нејзината сестра Гејнор починала неколку години претходно, а на нејзината мајка и била дијагностицирана деменција.

Родни бил многу комуникативен и ѝ рече дека има убава коса и дека тој би сакал да ја допре, па и рекол дека има 40 години.

Наскоро започнал да бара пари, прво мали суми, а потоа и поголеми за музичка опрема. Потоа, тие започнале да планираат состанок во живо, и тој ја замоли да го посети во Гана, што таа го сторила во 2015 година. Ја пречекал на аеродромот и страсно ја бакнал во автомобилот.

„Во тој момент сфатив дека нема да бидеме пријатели, а таа ноќ веќе спиевме заедно“, се сеќава таа.

Романсата наскоро започнала, а Родни неколку пати ја замолил да се омажи за него. Таа го одбила четири или пет пати и му рекла дека не се познаваат доволно добро.

Една недела пред нејзиното враќање во Англија, двојката била во ноќен клуб, кога Родни се качил на сцената и ја запросил пред сите. И рекол дека сака да го помине својот живот со неа и договорил свадба пет дена подоцна, непосредно пред таа да се врати.

Таа вели дека не можела да го одбие додека сите негови пријатели аплаудираат и навиваат.

Веќе следниот ден, таа купила венчаница и прстени и побарала од соседот да и ги испрати нејзините документи за развод од Англија.

За време на венчавката, Бет била шокирана кога дознала дека нејзиниот нов сопруг нема 40 години, туку дека има околу 30-ти, но веќе било доцна да се откаже, рече таа.

Таа му платила на адвокатот околу 2000 евра за да организира виза за Родни, која тој ја доби во февруари 2017 година. Парот потоа заминал да живее во нејзината куќа во Ворчестер, и работите одеднаш се спуштија надолу.

Почнал да се жали на сè и почесто спиел на каучот отколку во нивниот кревет.

„Тој ќе се расправаше со мене за сè, од храна до студ и за тоа дека мора да најде работа. Нему не му беше јасно дека не сум богата, иако сум Британка“ се присетува таа.

Нејзините деца и пријатели не го сакале, а таа наскоро сфатила дека сè е лага.

Врската се расипа и таа го замоли да се исели. Му платила патување до дома и развод, што ја чинело околу 1500 евра, а тој исто така тврди дека го нападнала, но тој не сакал да покрене тужба, пишува The Sun.

По разводот, таа тагувала и плачела една година и се здебелила многу, а сега сака да продолжи да живее како порано.

- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -

ТОП Вести

Гевгелија, нема да дозволиме никој да ѝ го украде европскиот дух и да ја врати во времето на барокот, некаде во минато време. Гевгелија,...
Со најновата одлука на италијанските власти, Република Северна Македонија се преместува од листа Д во листа Е, со што не е дозволено туристичко патување...
Ако случајно се заплеткавте во мрежа од пајак не се грижете, тоа не е лош знак… Топлото и убавото време од Петковден до Митровден (Од...
На 31 октомври треба да го потврдиме напредокот, Демир Капија и сите други општини да продолжат напред, да не ризикуваме да скршнеме од патот...

Актуелно

Доктор Сара Готфрид открива како правилната исхрана (базирана на нашите хормони) може да им помогне на жените да ослабат засекогаш. Новата стратегија за губење...
МУАБЕТИ.МК - 24 седум часа во денот, седум дена во неделата Најнови информации Премиерот Зоран Заев денеска оцени дека растот на цените, кој што...
Муабети.мк - 24 часа во денот, седум дена во неделата Најнови информации Прочитајте повеќе Владата на Република Северна Македонија, денеска, 21.09.2021 година (вторник), со почеток во...
Првата генерација милијардери не е вклучена во оваа листа, а нагласено е дека листата не е конечна, бидејќи има семејства чие богатство е распространето...

Најчитани вести

Кандидатот за градоначалник на Куманово од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски на социјалните мрежи ги обвини своите сопартијци дека наместо за него, на локалните избори работеле...
Програма на неработни денови за 2022 година Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2022 година...
Оливер Илиевски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Куманово, не гледа инцидент во случајот со сопирањето на возилото на неговиот противкандидат и довчерашен сопартиец...
Доаѓаме во различни форми и големини и без разлика како изгледа нашето тело, треба да го сакаме. Сите наши облини, несовршености и лузни ги...