28.8 C
Skopje

ПОЧИТ СО ЦВЕЌЕ И ЕДНОМИНУТЕН МОЛК Тетовци се простија од жртвите во пожарот

- Advertisement -

Во Тетово денеска беше одржан граѓански марш од градскиот плоштад до изгорената модуларна болница во знак на почит кон 14-те луѓе кои ги загубија животите на 8 септември.

Пред тргнувањето на маршот на плоштадот симболично беа засадени дрвја во знак на почит кон загинатите сограѓани

Групата тргна од градскиот плоштад и се движеше преку булеварот Илинденска се до улицата 29 Ноември по што се доближи до новиот пристапен пат кој води позади модуларната болница. Таму беше положено цвеќе и венци, а беше оддадена почит и со минута молк. Беа поставени и неколку транспаренти со натписите „Жив сум – протестирам“ и „Човечкиот живот има вредност“.

– Ние сме навивачи, ова не е протест, не е политички мотивиран, туку само мирен марш за почит кон загинатите во пожарот – изјави Башким Идризи од навивачката група „Балисти“ кои ја покренаа иницијативата за маршот преку социјалните мрежи.

На маршот се придружија голем број граѓани на Тетово.

-Дојдов тука на овој марш во знак на почит кон починатите. Лично се гледам како одговорен, бидејќи овие последни години сите ние сме молчеле, на сите лоши работи што се случувале овде и ова е капка на се, на сите трагедии што овде се случуваат последните години и се надевам дека народот веќе ќе сфати дека мора да се направи нешто, а да се направи нешто мора да се почувствува секој одговорен, затоа што со нашето молчење со нашето проголтување на сите лоши работи кои се случиле ние на некој начин сме дале придонес за ваквите работи.

Се надевам дека ќе се освестиме сите и ќе дадеме придонес да ги спречиме овие работи – изјави Беким Демири, учесник на маршот.

По маршот и церемонијата кај изгорената модуларна болница групата граѓани мирно го напушти местото.

- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -

ТОП Вести

Родителите на момче родено во Лахолм во северна Шведска поднеле до Даночната управа барање за плаќање такса за крштевање на детето, кое им било...
Британката неколку пати ги одбила барањата на својот љубовник Родни, но кога тој ја запросил на сцената во клубот, пред сите, таа не можела...
На дневно ниво излегуваат милијарди песни. Не оставаат тргаи бидејќи се бркаат пари и слава. Ништо не било порано така. Ај сеа еве на...
Први во Европа: Оваа земја воведува задолжителна Ковид-пропусница за сите работници Сите работници во Италија во јавниот и приватниот сектор ќе мораат задолжително да поседуваат...

Актуелно

Разговор со градоначалникот на Берово г. Звонко Пекевски МУАБЕТИ: Сите знаеме дека и Берово е едно од опожарените подрачја, што беше зафатено од бранот во...
Угостителите да ги почитуваат новите протоколи за да се заштити јавното здравје, а со почитувањето на овие мерки, ќе се избегне носењето на порестриктивни...
Во Македонија вчера пристигна конвојот помош од Словенија за гаснењето на пожарите. Тимот за заштита од пожари од Словенија е составен од 45 лица, команда,...
Претседателот на македонскиот полициски синдикат д-р Марјан Кицев се пофали на фејсбук дека на МПС Кавадарци им е доделен фрижидер на користење. Почитувани денес...

Најчитани вести

Пандемијата со кopoнавиpycoт ќе заврши следната пролет, тврди претседателот на Здружението на лекари во Германија, Андреас Гасен. Според него, оние кои не се вaкцинирани, голема...
Истрагата на терен заврши. Од наодите на местото на настанот, Јавното обвинителство соопштува дека работи на расветлување на причината за пожарот. Извори на Алсат...
Врисоци, лелеци за помош, пламени јазици кои многу брзо се заканувале и навестувале дека се ќе изгори до темел. Буквално пет минути имале време,...
Во Тетово денеска беше одржан граѓански марш од градскиот плоштад до изгорената модуларна болница во знак на почит кон 14-те луѓе кои ги загубија...