22.8 C
Skopje

Со новите мерки во Грција: Чист простор во угостителските објекти за вакцинирани и прележани од koрона

- Advertisement -

Со новите мерки што од 15 јули ќе се воведат во Грција за затворените делови на угостителските објекти, кината, театрите, стадионите и спортските сали, тие ќе може да работат или само за вакцинирани лица и оние кои прележале ковид-19 или да бидат мешани простори.

Според портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони, целта е заштита на јавното здравје, но и постепено враќање на слободата на вакцинираните граѓани, а правилата ќе важат и за странските туристи.

Предвидено е, од средината на месецов, сопствениците на кафулињата, баровите, рестораните ,ноќните клубови,

кината, театрите и сл, да одберат дали нивните затворени простори ќе бидат „чисти“ или „мешани“.

Пелони, на денешниот редовен брифинг со новинарите објасни дека во „чистите“ простори ќе можат да бидат само оние кои се вакцинирани или прележале ковид-19, а во „мешаните“ освен овие две категории, влезот ќе биде дозволен и за останатите граѓани, но само по направен брз или молекуларен тест.

-Контролата на влезот ќе биде преку дигитална апликација што ќе ја потврди автентичноста на сертификатите за вакцинација или прележана болест и за тестовите во мешаните делови, во дигитален или печатен формат и нема да се зачуваат никакви податоци. Апликацијата ќе биде бесплатна.

Бизнисите ќе имаат посебна ознака на влезовите дали се „чисти“ или „мешани“. Спроведувањето на мерките ќе биде во целосна согласност со законот што се однесува на заштитата на личните податоци – истакна Пелони.

Извор: Плусинфо

- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -

ТОП Вести

Родителите на момче родено во Лахолм во северна Шведска поднеле до Даночната управа барање за плаќање такса за крштевање на детето, кое им било...
Британката неколку пати ги одбила барањата на својот љубовник Родни, но кога тој ја запросил на сцената во клубот, пред сите, таа не можела...
На дневно ниво излегуваат милијарди песни. Не оставаат тргаи бидејќи се бркаат пари и слава. Ништо не било порано така. Ај сеа еве на...
Први во Европа: Оваа земја воведува задолжителна Ковид-пропусница за сите работници Сите работници во Италија во јавниот и приватниот сектор ќе мораат задолжително да поседуваат...

Актуелно

Разговор со градоначалникот на Берово г. Звонко Пекевски МУАБЕТИ: Сите знаеме дека и Берово е едно од опожарените подрачја, што беше зафатено од бранот во...
Угостителите да ги почитуваат новите протоколи за да се заштити јавното здравје, а со почитувањето на овие мерки, ќе се избегне носењето на порестриктивни...
Во Македонија вчера пристигна конвојот помош од Словенија за гаснењето на пожарите. Тимот за заштита од пожари од Словенија е составен од 45 лица, команда,...
Претседателот на македонскиот полициски синдикат д-р Марјан Кицев се пофали на фејсбук дека на МПС Кавадарци им е доделен фрижидер на користење. Почитувани денес...

Најчитани вести

Пандемијата со кopoнавиpycoт ќе заврши следната пролет, тврди претседателот на Здружението на лекари во Германија, Андреас Гасен. Според него, оние кои не се вaкцинирани, голема...
-Тешко ми паѓа, вели Лиде Лиде најголемата обожавателка на министерот Венко Филипче, давајќи му поддршка и порака да издржи и да не се предава,...
Американката Паола Јурис (33) од Њу Хемпшир откри на социјалните мрежи дека посетувала часови по танц три месеци пред нејзиниот сопруг Денис да дознае...
Во Тетово денеска беше одржан граѓански марш од градскиот плоштад до изгорената модуларна болница во знак на почит кон 14-те луѓе кои ги загубија...