17.8 C
Skopje

Продолжува притисокот врз Софија да го повлече ветото – Заев порача дека Македонија ги исполнила сите услови

- Advertisement -

Во пресрет на самиот на ЕУ во јуни продолжува притисокот врз Софија да го повлече ветото и да ги одблокира евроинтеграциите на Македонија.

За македонската страна условите за старт на преговорите се исполнети и сега е на ЕУ да испорача, а решението за спорот треба да се бара во рамки на Договорот за добросоедство. Бугарија инсистира на постигнување одржливи и неповратни резултати во градењето добрососедските односи.

Американскиот државен секретар Ентони Бликен, по негова иницијатива, оствари телефонски разговор со претседателот на Бугарија Румен Радев а меѓу темите на разговор биле и евроинтеграциите на Република Македонија и Албанија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, државниот секретар на САД изрази надеж за забрзување на процесот на европска интеграција за Македонија, при што двајцата соговорници истакнаа заеднички став дека тоа е во интерес на стабилноста и безбедноста не само на регионот, туку и на Европа.

За време на разговорот, Радев потсети на постојаната поддршка на Бугарија за членство на Република Македонија и повика на постигнување одржливи и неповратни резултати во градењето добрососедски односи.

По Извршната наредба на претседателот на САД Џо Бајден издадена пред неколку дена, со која се прошири опсегот на вонредни мерки за регионот на Западен Балкан, вчера од Стејт департментот упатија порака дека Вашингтон поддржува страт на преговорите за влез во ЕУ со Македонија и Албанија без одложување

– Поддржуваме отворање преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија без одложување. Се ангажираме на највисоки нивоа во Владата, за да ја демонстрираме нашата посветеност кон европскиот пат на земјите аспиранти, напиша портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс на Твитер.

Шефот на бугарската дипломатија Светлан Стоев вчера на средба во Софија со неговиот чешки колега Јакуб Кулханек изјави дека Бугарија е отворена за активен дијалог и во изминатите денови се прави се што е можно од бугарска страна, како и од страна на Македонија, за градење позитивна атмосфера и обновување на довербата во билатералните односи. Стоев, како што јави дописникот на МИА од Софија, исто така рече дека во однос на Македонија имаат целосен континуитет во својата позиција, и оти за Бугарија е од клучно значење одржувањето на добрососедските односи и добивањето неопходни гаранции за исполнување на Договорот за добрососедство.

Целиот текст на „ЛИДЕР“ – Продолжува притисокот врз Софија да го повлече ветото – Заев порача дека Македонија ги исполнила сите услови – Радио Лидер (lider.mk)

- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -

ТОП Вести

Дали Дурловски го "потценува" Јанчев? Познатиот оперски пејач Игор Дурловски кој важи во јавноста за еден од предводниците на "За заедничка Македонија" денеска сподели фотографија,...
Дури и сега многу од градовите на подрачјето на САД имаат голем проблем со поплавите кои настануваат поради високата плима, но експертите од NASA...
Поради сообраќајна несреќа, затворен е за сообраќај дел од магистралниот пат Кичево – Гостивар, соопшти АМСМ во вонреден извештај за состојба на патиштата. Сообраќајот е...
Во текот на вчерашниот ден, уапсен е 37-годишен жител на Ѓорче Петров откако било констатирано дека врши кражба на струја. „На 16.07.2021 во 14.30 часот...

Актуелно

Претседателот на македонскиот полициски синдикат д-р Марјан Кицев се пофали на фејсбук дека на МПС Кавадарци им е доделен фрижидер на користење. Почитувани денес...
Адвокатот на Јордан Камчев, Еленко Миланов по завршувањето на судењето за случајот „Плацови на Водно“ вели дека наводните трансакции кои ги направил обвинетиот Камчев...
Двократниот европски првак, Вардар и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Раководството на македонскиот ракометен великан обезбеди еден милион евра, потребни како...
Според пресметките, просечната нето плата во јуни покрива околу 82 отсто од трошоците на четиричлено семејство. Синдикалната минимална кошница за јуни годинава изнесува 34.212...

Најчитани вести

Сара Аврамова како што и е вистинското име и презиме или devojkata_od_pehcevo како што се претставува и е потпишана на својот Инстаграм профил е...
Утринава Комисијата за заштита на населението од заразни болести по разгледувањето на моменталната епидемиолошка состојба одлучи дека нема да има воведување на дополнителни рестриктивни...
Ситуацијата во северозападна Германија, во областите кои беа сериозно погодени од невремето - сè уште е крајно опасна и алармантна. Властите генерално се воздржани...
Судот донесе одлука да ги ослободи од обвинение поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и шестмина припадници на поранешната единица „Алфа“ поради немање јасни...