17.8 C
Skopje

Пукна брана во Германија: Властите стравуваат, вклучен воен аларм

- Advertisement -

Ситуацијата во северозападна Германија, во областите кои беа сериозно погодени од невремето – сè уште е крајно опасна и алармантна. Властите генерално се воздржани во однос на вкупниот број на исчезнати лица. Бидејќи мобилната мрежа и телефонските линии се прекинати, нема начин да се следат контактите преку телефон. Инфраструктурата – патишта, железници, гасоводи – е целосно или делумно уништена. Од вчера повеќе од 100.000 луѓе сè уште беа без струја, известува Дојче Веле.

Бројот на познати смртни случаи се искачи на најмалку 135, додека илјадници сè уште се водат за исчезнати. Спасувачките екипи постојано ги наоѓаат мртвите во подрумите на куќите.

Драматични сцени има во Ерфштат, јужно од Келн. Реката Ерфт поплави широка област и доведе до целосен или делумен колапс на многу куќи. Има страшна ерозија на почвата. Властите веруваат дека има голем број мртви, но не можат да дадат прецизни податоци за бројот на жртвите.

Германското Министерство за одбрана прогласи воен аларм катастрофа. Повеќе од 850 војници се ангажирани во обезбедување помош и нивниот број постојано се зголемува.

Поради невремето и поплавите, пукна браната на реката Рур во Опхофен, во областа Хајнсберг. Според информациите на јавниот сервис WDR, спасувачките екипи минатата ноќ евакуирале 700 жители.

- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -

ТОП Вести

Родителите на момче родено во Лахолм во северна Шведска поднеле до Даночната управа барање за плаќање такса за крштевање на детето, кое им било...
Британката неколку пати ги одбила барањата на својот љубовник Родни, но кога тој ја запросил на сцената во клубот, пред сите, таа не можела...
На дневно ниво излегуваат милијарди песни. Не оставаат тргаи бидејќи се бркаат пари и слава. Ништо не било порано така. Ај сеа еве на...
Први во Европа: Оваа земја воведува задолжителна Ковид-пропусница за сите работници Сите работници во Италија во јавниот и приватниот сектор ќе мораат задолжително да поседуваат...

Актуелно

Разговор со градоначалникот на Берово г. Звонко Пекевски МУАБЕТИ: Сите знаеме дека и Берово е едно од опожарените подрачја, што беше зафатено од бранот во...
Угостителите да ги почитуваат новите протоколи за да се заштити јавното здравје, а со почитувањето на овие мерки, ќе се избегне носењето на порестриктивни...
Во Македонија вчера пристигна конвојот помош од Словенија за гаснењето на пожарите. Тимот за заштита од пожари од Словенија е составен од 45 лица, команда,...
Претседателот на македонскиот полициски синдикат д-р Марјан Кицев се пофали на фејсбук дека на МПС Кавадарци им е доделен фрижидер на користење. Почитувани денес...

Најчитани вести

Пандемијата со кopoнавиpycoт ќе заврши следната пролет, тврди претседателот на Здружението на лекари во Германија, Андреас Гасен. Според него, оние кои не се вaкцинирани, голема...
Врисоци, лелеци за помош, пламени јазици кои многу брзо се заканувале и навестувале дека се ќе изгори до темел. Буквално пет минути имале време,...
-Тешко ми паѓа, вели Лиде Лиде најголемата обожавателка на министерот Венко Филипче, давајќи му поддршка и порака да издржи и да не се предава,...
Во Тетово денеска беше одржан граѓански марш од градскиот плоштад до изгорената модуларна болница во знак на почит кон 14-те луѓе кои ги загубија...