2.8 C
Skopje

Статyaта на Христос Спасителот ја слави својата 90 – годишнина

- Advertisement -

Познатата статуа на Христос спасителот, што се издига над Рио де Жанеиро вчера ја одбележа својата 90-годишнина со миса, песна, самба и бразилски традиционални напивки.

Верската свеченост, првично планирана за во подножјето на огромната статуа, се одржа во катедрала во центарот на Рио, поради лошите временски услови

Ние кариоките, жители на Рио, обично гледаме кон Христа, кој често се крие зад облаците, но знаеме дека е таму!, кажа архиепископот Орани Темпешта на мисата на која присуствуваше и градоначалникот Едуардо Паеш. „Пандемијата сѐ уште трае, но ние сме оптимисти покрај вакцинацијата.

Минатогодишните темни облаци исчезнуваат“, додаде свештеникот.

Повеќе од 58 отсто од речиси седум милиони жители на Рио се вакцинирани против Ковид-19, боолест која однесе 600.000 животи од почетокот на пандемијата.

Пред појавата на Ковид-19, статуата висока 38 метри, поставена на ридот Корковадо, ја посетуваа околу два милиона посетители годишно. Таа не беше достапна за посети од март до август 2020 година, а и сега важат посебни корона-мерки.

Католичката црква во 1921 година распиша проглас за изградба на верски споменик по повод стогодишнината од независноста на Бразил (1822). Бразилскиот инженер Хејтор да Силва Коста победи и му посвети десет години на проектот. Пред 90-годишнината, статуата во стилот на „Арт Деко“ беше и обновена.

Споменикот беше откриен на 12 октомври 1931. Прогласен е за историски споменик во 1973 година, а 2007 година беше рангиран меѓу Седумте чуда на современиот свет. (МИС)

- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -

ТОП Вести

Гевгелија, нема да дозволиме никој да ѝ го украде европскиот дух и да ја врати во времето на барокот, некаде во минато време. Гевгелија,...
Со најновата одлука на италијанските власти, Република Северна Македонија се преместува од листа Д во листа Е, со што не е дозволено туристичко патување...
Ако случајно се заплеткавте во мрежа од пајак не се грижете, тоа не е лош знак… Топлото и убавото време од Петковден до Митровден (Од...
На 31 октомври треба да го потврдиме напредокот, Демир Капија и сите други општини да продолжат напред, да не ризикуваме да скршнеме од патот...

Актуелно

Доктор Сара Готфрид открива како правилната исхрана (базирана на нашите хормони) може да им помогне на жените да ослабат засекогаш. Новата стратегија за губење...
МУАБЕТИ.МК - 24 седум часа во денот, седум дена во неделата Најнови информации Премиерот Зоран Заев денеска оцени дека растот на цените, кој што...
Муабети.мк - 24 часа во денот, седум дена во неделата Најнови информации Прочитајте повеќе Владата на Република Северна Македонија, денеска, 21.09.2021 година (вторник), со почеток во...
Првата генерација милијардери не е вклучена во оваа листа, а нагласено е дека листата не е конечна, бидејќи има семејства чие богатство е распространето...

Најчитани вести

Кандидатот за градоначалник на Куманово од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски на социјалните мрежи ги обвини своите сопартијци дека наместо за него, на локалните избори работеле...
Програма на неработни денови за 2022 година Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2022 година...
Оливер Илиевски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Куманово, не гледа инцидент во случајот со сопирањето на возилото на неговиот противкандидат и довчерашен сопартиец...
Доаѓаме во различни форми и големини и без разлика како изгледа нашето тело, треба да го сакаме. Сите наши облини, несовршености и лузни ги...