Breaking News

Колку чини да се живее еден месец во Солун

Пред околу 15 години, кога почнав да живеам во Грција, забележително беше дека Грците живееја раскошно без некакви грижи околу парите. Но тогаш полека кризата почна да си ги прави своето и значително го промени нивното секојдневие, планови, трошоци, начин на живот“, ја започнува Србинката Ана својата приказна на социјалните мрежи објаснувајќи колку чини да се живее еден месец во Солун, Грција.

„Многу солунчани плаќаат кирија и тоа е број еден месечен трошок во секое такво домаќинство. А кога станува збор за куќа која има две спални, дневна кујна и тоалет и во која живеат две лица, би чинела од 400 до 700 евра месечно, во зависност од локацијата.

За самец може да се најде и некоја гарсоњера од 300 евра. Заедничките трошоци за влезот се движат од 15 до 20 евра“ – објаснува Ана.

„Енергетската криза и поскапувањата кои ги донесе и во Грција влијаат на семејниот буџет. Секако, на месечната сметка за струја влијаат апаратите кои едно домаќинство ги поседува и големината на домот во кој живеат но просечно сметките за струја се движат од 85 до 100 евра месечно а ако се користи струјата за греење, тогаш сметката достигнува и до 200 евра во зимските месеци.

За греење на гас, едно семејство троши 400 евра по грејна сезона или 80 евра распоредени во 5 месеци.“ – објаснува Ана

Во македонски услови тоа би значело како секој месец за греење да се плаќаат по околу 2000 денари.
„Сметката за вода е 20 евра месечно а потребите за гориво за користење на автомобил во просек се околу 200 евра месечно во зависност од тоа колку километри ќе помине семејството, вели таа.

About

Check Also

Мицкоски: Никогаш не било полошо во Македонија – треба да има избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ; Христијан Мицкоски во „Тема на денот“ во дневникот на Сител истакна дека …

Leave a Reply

Your email address will not be published.