Breaking News

НОВИ БЛОКАДИ И ПРОТЕСТИ ВО СЕЛАТА ПОД БЕЛАСИЦА ЗА НЕКОНТРОЛИРАНАТА СЕЧА И ДРВОКРАДСТВОТО

Шумската полиција и шумочуварите да бидат на терен со зачестени контроли. Македонски шуми јавно да ги објави годишните планови за сеча на огревно дрво од Беласица.

Ова се само дел од барањата на граѓаните кои учествуваа во локалниот совет за превенција на општина Ново село каде беа и преставници на повеќе институции.

Дека се потребни контроли предочи и државниот инспектор за шумарство – Трајче Ангелов. Тој смета дека само со редовни и чести контроли може да се сузбие дрвокрадство.

Од МВР јавно побараа колегите од шумската полиција да излезат со бројки за нивната работа оти на терен се помалку ги има.

Градоначалникот на Ново Село – Ѓорѓе Божинов ќе бара годишните планови на Македонски шуми да бидат транспарентни и кој се може да врши сеча оти во подбеласичкиот регион има десетина села чии извори се токму во планината.

Локалниот совет за превенција од време навреме имаше тензична атмосфера. Дел од присутните незадоволни од одговорите на преставниците на институциите го напуштија состанокот и најавија нови протести и блокади за да се спречи неконтролираната сеча на дрва во Беласица.

About

Check Also

Мицкоски: Никогаш не било полошо во Македонија – треба да има избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ; Христијан Мицкоски во „Тема на денот“ во дневникот на Сител истакна дека …

Leave a Reply

Your email address will not be published.