Breaking News

Финска е најсреќната држава на светот , на кое место е Македонија?

Финска петта година по ред е прогласена за најсреќната држава на светот. И овој пат рангирањето го прават Обединетите нации за Меѓународниот ден на среќата кој е на 20 март. Финска, но и другите скандинавски држави доби многу високи оценки за сите параметри од Светскиот извештај за среќата, како очекуван животен век, социјална поддршка и ниска корупција.

Зад Финска се Данска и Исланд, а потоа се Швајцарија, Холандија, Луксембург, Шведска, Норвешка, Израел и Нов Зеланд.

Македонија е на 89. место според рангирањето кое опфати 146 држави, и ова се скок од пет места во однос на лани. Најдобро котира Словенија, на 22. место од земјит во регионот.

Најнесреќна држава на светот е Авганистан, а потоа се Либан, Зимбабве, Руанда и Боцвана.

„Истражувањето покажа дека високиот пласман не зависи толку од културата, туку како институциите водат сметка за своите луѓе“, вели Франк Мартела од Универзитетот во Алто.

Share

About

Check Also

Мицкоски: Никогаш не било полошо во Македонија – треба да има избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ; Христијан Мицкоски во „Тема на денот“ во дневникот на Сител истакна дека …

Leave a Reply

Your email address will not be published.