Breaking News

УЈП врши голема контрола: Утрово голем број од КАМ маркетите со жолти ленти на вратите

Во синоќешното гостување во емисијата „Топ Тема“ на телевизија „Телма“, директорката на УЈП Сања Лукаревска, изјави дека повеќе од 300 инспектори контролори на УЈП се во инспекциски надзор во 84 објекти на КАМ маркетите заради регистрирани неправилности.

„Согласно она што го утврдивме од теренските контроли во изминативе два дена, сметаме дека во интерес на граѓаните и во интерес на ова што значи зачувување на стандардот, имаме обврска – професионална и морална, да постапуваме“, изјави Лукаревска синоќа во „Топ тема“.УЈП врши голема контрола: Утрово голем број од КАМ маркетите со жолти ленти на вратите

„Во моментов повеќе од 300 колеги од Управата за јавни приходи се во сите подружници на КАМ маркетите, заради утврдени соодветни неправилности“, додаде таа.

Синоќа, УЈП превентивно ги затворила сите КАМ маркети во државава. Сепак, не станува збор за запечатување на ланецот маркети, туку поставените жолти ленти биле затворање од превентивен карактер односно од вечерта до утрото, за да не може да се менува фактичката состојба во објектите и документите, за утрово контролата повторно да продолжи.

Од УЈП, за „Фактор“ потврдиле де сè уште е во тек контролата на КАМ маркетите откако имало поплаки за тргање на маслото за јадење од полиците на залихите, прекршок по Законот за заштита на потрошувачите.

About

Check Also

Мицкоски: Никогаш не било полошо во Македонија – треба да има избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ; Христијан Мицкоски во „Тема на денот“ во дневникот на Сител истакна дека …

Leave a Reply

Your email address will not be published.