Breaking News

Кајли Џенер откри дека му го сменила името на синот: „Едноставно тоа не беше тој“

Кајли Џенер откри дека го сменила името на својот син кого го нарече Волф.

Кајли и Травис Скот одлучиле дека на нивното дете тоа име не му прилега.

„Нашиот син повеќе не се вика Волф“, напишала 24-годишната Џенер преку Инстаграм-стори.

„Едноставно не чувствувавме дека тоа е тој“.

Ријалити ѕвездата додала дека само сакала да го напомене тоа, бидејќи ‘насекаде го гледа имаето Волф’.

Сè уште не објавила како таа и Скот (30) одлучиле да го наречат своето синче.

Инаку, Кајли на својот Јутјуб канал сподели и снимка која му е посветена на нивниот син, на кој прво му го дале името Волф Вебстер, како и други детали поврзани со бременоста.

Минатата седмица открила дека после таа бременост постпородилниот период за неа бил многу потежок во однос на првата бременост.

Рекла дека избрала да зборува за своите борби бидејќи сака другите новопечени мајки да знаат да го разберат притисокот кој го чувствуваат да се вратат во нормалниот живот и да ги потсети дека во ред е да не бидат добро.

About

Check Also

Мицкоски: Никогаш не било полошо во Македонија – треба да има избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ; Христијан Мицкоски во „Тема на денот“ во дневникот на Сител истакна дека …

Leave a Reply

Your email address will not be published.