Breaking News

Спасовски: Во септември за 5 отсто ќе се покачат платите на сите вработени во МВР

„Имаме предвидено покачување оваа година за 5 отсто на сите вработени во МВР. Тоа ќе биде од септември, а вработените кои се вработени по Законот за работни односи и имаат потреба од усогласување со минималната плата, тоа е веќе направено“ рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во вестите на Канал 5.

Тој кажа дека доколку еден полицаец во 2012 година земал 19.355 денари плата, денес зема 22.787 денари, а со покачувањето во септември платата ќе му изнесува 23.883 денари.

Спасовски исто така презентираше и дека платата на инспекторите во 2012 изнесувала 22.503 денари, денес таа е 26.711 денари, а од септември ќе се покачи на 28.003 денари.

„Ова е растот на платите. Ние разговараме и водиме преговори и се усогласуваме со сите синдикати. Секој добар предлог, кој е во интерес на министерството го спроведуваме“ рече Спасовски.

About

Check Also

Мицкоски: Никогаш не било полошо во Македонија – треба да има избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ; Христијан Мицкоски во „Тема на денот“ во дневникот на Сител истакна дека …

Leave a Reply

Your email address will not be published.