Breaking News

Смит му се извини на Рок: Длабоко жалам!

Актерот Вил Смит, кој пред два дена ја доби наградата Оскар за најдобар главна машка улога, на социјалните мрежи објави порака во која се извини и рече дека „насилството никогаш не е прифатливо“.

„Насилството во која било форма е отровно и деструктивно. Моето однесување на доделувањето на наградите беше неприфатливо и неоправдано. Шегите на моја сметка мене се дел од мојата работа, но шегите за болеста на мојата сопруга се премногу и јас реагирав емотивно“, напиша Смит, кој го удри Рок затоа што се пошегува за алопеција, од која боледува Џејд Пинкет-Смит.

Крис, сакам јавно да ти се извинам. Претерав и згрешив. Се срамам и моите постапки не се во склад со човекот што сакам да бидам. Нема место за насилство во светот на љубовта и добрината“, напиша тој.

Смит, инаку, по инцидентот отишол на забава, а Американската филмска академија размислува дали да му го одземе Оскарот.

Смит се извини и на семејството Вилијамс, како и на организаторите, продукцијата, гостите и гледачите на 94-тото доделување на Оскарите.

„Длабоко жалам што моето однесување го оцрни нашето инаку прекрасно заедничко патување. Работам на себе“, напиша тој.

ФОТО: Јутјуб

About

Check Also

Мицкоски: Никогаш не било полошо во Македонија – треба да има избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ; Христијан Мицкоски во „Тема на денот“ во дневникот на Сител истакна дека …

Leave a Reply

Your email address will not be published.