Breaking News

ЌЕ СЕ ВОВЕДЕ ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ И ВО КАРПОШ „Градски паркинг“ ќе ја организара наплатата

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ ќе биде одговорно за јавните паркиралишта и јавните површини кои ќе бидат наменети за зонско паркирање на територија на општина Карпош, одлучија советниците на денешната седница.

Во таа насока, јавното претпријатие ќе преземе активности за организација на сообраќајот во мирување, вклучувајќи ги обележувањето, одржувањето и користењето, како и техничките и организациските работи, наплатата и надзорот над паркирањето на возилата и останатите работи на јавните паркиралишта и површини за зонско паркирање.

За користење на јавните паркиралишта и јавните површини за зонско паркирање, ЈП „Градски паркинг“ ќе плаќа комунална такса, согласно Законот на комуналните такси и Законот за Град Скопје и ќе поднесува полугодишни извештаи.

About

Check Also

Гоце Делчев: Да научиме нешто, ако не сме знаеле досега

Гоце Делчев е идеолог, организатор, водач на македонското револуционерно националноослободително движење и еден од творците …

Leave a Reply

Your email address will not be published.